На кој му се седи в кујна над шпорет во жешките летни денови? Нам дефинитивно не!
Во ситуации кога сакаме да каснеме нешто набрзина, а немаме ниту време ниту трпение да готвиме, честопати посегнуваме по брзата храна како најлесно решение, но сите сме свесни дека тоа не е здрав избор. Наместо тоа, далеку подобра варијанта би била да се одлучиме за некој ладен и вкусен намаз кој ќе ги задоволи нашиот глад и нашите сетила во исто време.
Овие неколку примери за летни намази се подготвуваат бргу и лесно, а траат со денови. Намачкајте по слој два на парче леб или двопек и веќе имате одличен здрав оброк кој ќе ги замени конзервираните паштети и млечни намази од продавница.
Сега е сезона на модар патлиџан, па би било одлично да подготвите некој источен деликатес како што е познат како баба гануш, а ако сакате наут или цвекло, проверете некој рецепт за хумус.
Ова се неколку инспирации што ги споделуваме со вас:
Хумус од наут
Баба гануш
Хумус од цвекло
Намаз од сушен домат
Намаз од спанаќ