Медена куќа: Како да го направите десертот кој е хит на Инстаграм?

28 декември 2020

Куќите од медењаци или Медените куќи се едни од најпопуларните десерти на Инстаграм во празничната сезона.

Ние најдовме едно интересно видео за како да ги направите, но мораме да ви кажеме дека ако сте почетник во кујната, ова ќе биде навистина голем потфат, бидејќи бара и вештина.

Всушност, смесата не се разликува многу од оние за класични медењаци, но спојувањето на деловите е предизвикот.

На линкот овде можете да најдете шаблон за деловите од куќата.

Ние ќе ви ги напишеме и потребните состојки  во конкретниот рецепт (иако можете да го користите и друг ваш омилен рецепт за медењаци), а целосната постапка ја имате на видеото во продолжение:

Потребно: 110 грама путер ( не мора да биде омекнат), 250 гр сируп по желба или мед. 4 лажички мелен ѓумбир, 4 лажички цимет, 250 грама кафен шеќер, 800 грама брашно, 300 мл млеко

За декорација: 2 белки, 500 гр шеќер во прав

 

 

Објавено:
28 декември 2020
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
3.319 пати