Мексиканците обожуваат вечера на небо

22 февруари 2017

Од 28-ми јануари до 28-ми февруари Мексиканците имаа можност да бидат дел од несекојдневно искуство наречено Вечера на небо (Dinner in the Sky).

Ова е надалеку познат концепт, првпат направен во Брисел во 2006 година, а оваа 2017 година се одржува во Пуерто Ваљарта во Мексико.

Мексиканците и сите останати што во овие месец дена ќе се најдат на споменатото место, ќе имаат можност буквално да вечераат на небо.

DINNER IN THE SKY MEXICO / OPEN DAY from Rodrigo de la Mora on Vimeo.

Имено, вчерата се одвива на т.н. кран кој се издигнува на висина од 45 метри. За ова посебно доживување секогаш се заслужни и светски познати шефови, а во Пурто Ваљарта тоа ќе бидат реномираните готвачи Микел Алонсо и Бруно Отеиса. Вечерата се состои од три јадења, а интересот е секогаш многу голем, па затоа функционира со претходна резервација.

На една маса има место за 22-ца, а досега се одржани вакви спектакуларни вечери во преку 40 земји во светот, меѓу кои и Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Дубаи, Унгарија, Индија, Мароко, Литванија, Романија, Словенија, Русија, Шведска, Британија...

Во галеријата во продолжение погледнете како тоа изгледа: 

Објавено:
22 февруари 2017
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
210 пати