Најпознатите креации на Диор добија своја чоколадна верзија

3 април 2023

Кога Кристијан Диор ја основаше својата модна куќа во далечната 1947 година, неговата цел беше повторно да ја внесе женственоста и бајковитиот изглед во модните парчиња.

Тој ѝ даде едно ново значење на идејата за романса, ставајќи акцент на женската силуета на еден аристократски и гламурозен начин.

Неговото дело го продолжија Ив Сан Лоран, Марк Боан, Џанфранко Фере, Џон Галијано, Раф Симонс и од 2016-та Марија Грациа Кјури, која ги спојува историската елеганција и свежиот феминистички изглед.

Овој пат креации на Диор се повторно прикажани, но сега во форма на чоколадни десерти изложени во познатиот 30 Montaigne бутик во Париз.

Мајсторските раце на слаткарите вешто рекреираа три дизајни. Гламурозната тоалета Junon, чија инспирација е опашката од паун.

Потоа фустанот Tourbillon со импресивен дизајн што ја нагласува женската силуета.

Како трета можеби и најпозната креација на Диор е костимот Bar, кој исто така доби своја чоколадна верзија.

Првата колекција на дизајнерот го доби името New Look, или новиот изглед сосема заслужено. Истата беше инспирирана од естетиката на 20-те и 30-те.

Токму костимот Bar Suit се смета за најдобра креација од оваа колекција.

Фото: Numeromag.nl

Објавено:
3 април 2023
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
197 пати