Намирници кои можете да ги јадете постојано, а да не се здебелите

16 март 2017

Да, добро прочитавте! Постојат и такви намирници кои можете да ги јадете постојано, а сепак да не се здебелите. Она што е уште подобро, е тоа што можете да ги јадете и во големи количини, бидејќи се навистина здрави за вас.

Пуканки

Пуканките можете да ги јадете во огромни количини, секако без многу сол и масло и сепак да се чувствувате добро. Обидете се да ги избегнете и другите зачини кои се супер со пуканки и јадете ги на наједноставен начин.

Целер

Целерот се состои од 95 проценти вода, па затоа е и еден од најомилените и најздравите зеленчуци кои ќе ви помогнат за многу работи. Со целерот можете да ги изгубите вишокот килограми и одлично да го детоксирате организмот.

Модар домат

Ако го направите на скара без масло, во него има само 24 калории. Доколку сте фан на зеленчук, конкретно овој, можете да го јадете во големи количини и воопшто да не се грижите.

Портокали, мандарини и грејпфрут

Ова се дефинитивно едни од најдобрите овошја на светот кои секогаш ќе ве освежат и ќе направат да се чувствувате свежо и здраво. Влакната и витаминот Ц ќе ве направат сити, ќе помогнат во варењето, а супер се и за убавината на кожата и косата.

Дињи и лубеници

Покрај тоа што се неверојатно вкусни, тие ќе ви помогнат и да ги исфрлите вишокот течности од организмот, а содржат околу 60 – 70 калории по парче.

Алги

Тие се богати со јод и ги одржуваат сите хормони под контрола. Тие се супер здрави и  нискокалорични!

Тиквички

Како и другите, така и овие вкусни залчиња содржат малку калории (околу 42 по порција), а се исклучително здрави и хранливи.

Краставици

Магичен зеленчук за губење на тежината без многу маки.

Цвекло

Цвеклото е богато со манган кој е заслужен за согорување на калориите и мастите во организмот, го регулира шеќерот во крвта и ги зајакнува мускулите.

Јајца

Можете да ги јадете кога и да посакате, но секогаш подобар избор е варено, отколку пржено јајце.

Јаболки и сливи

Јаболката има само 50 калории, а ќе го регулира варењето и организмот на начин на кој ништо друго не може. Сливите се богати со витамин Ц и калциум кои го штитат срцето и крвните садови.

Зелка, броколи и карфиол

Неколку пати неделно, задолжително консумирајте една од овие намирници, кои се супер здрави и имаат седум калории по порција.

Објавено:
16 март 2017
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
5.138 пати