Направете највкусни пиперки во павлака на супер едноставен начин

17 октомври 2019

Подготовката за зимата, особено правењето зимница е дефинитивно нешто единствено, а постојат толку многу вкусни рецепти кои се прават едноставно, а сите ќе ги обожаваат.

Доколку вашите мајки и баби беа експерти за зимници, сега е време и вие да покажете што знаете. Денеска ви предлагаме еден супер рецепт за старите добри пиперки во павлака кои не бараат многу време за подготовка, а и шансите дека ќе погрешите се многу мали.

Фото: Maxi.rs

Сè што ви треба се пиперки познати како „сомборки“ кои може да ги најдете на било кој добро снабден пазар, павлака со голема масленост (околу 20 проценти масленост), малку сол, 600 грама урда.

Во видеото е прикажана целата постапка на правење на овој рецепт, за кој нема да ви треба многу време, а ќе биде нешто супер вкусно што можете да го консумирате со најголем дел од јадењата.

На Јутјуб каналот на „Bokina kuhinja“ ќе погледнете како по редослед, точно се прават овие пиперки, а доколку викендов имате малку време, можете да се обидете да го направите истиот.

 Инфо: Bokina kuhinja

Објавено:
17 октомври 2019
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
484 пати