Направете вкусна панакота по рецептот на @cookingwith_andrea

2 април 2020

Кој би можел да одолее на вкусна панакота?

Покрај тоа што е неодоливо вкусна, едноставна и брза е за подготовка.
Ако немате идеја за десерт по денешниот ручек, тогаш овој рецепт за омилената панакота на @cookingwith_andrea, нека ви биде инспирација.

Состојки:

-желе во прав од јагода/желатин во прав

-500мл млеко

-100г шеќер

-2 лажички екстракт од ванила

-желатин во прав

-500мл вода

-неколку јаготки

Подготовка:

За желе: Сварете го желето во прав со 415мл вода, оставете да се олади некоја минута, и ставете во чаша. Доколку сакате да го постигнете идентичниот изглед од сликата, чашата потпрете ја под агол во поголем сад. Додајте неколку кругчиња јаготки. Оставете да се олади 4 часа или преку ноќ.

За панакота: Сварете го млекото со шеќерот. Додајте ја ванилата. Желатинот растворете го во 10 лажички вода и оставете да набабри. Додајте го во млекото и мешајте додека да се стопи. Дополнете ги чашите и повторно оставете во фрижидер 4 часа. Декорирајте со кругчиња јаготки.

Добар апетит!

Објавено:
2 април 2020
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
728 пати