Нов тренд #cornettoccino - Кафе во корнет

16 март 2021

Можеби периодов низ инстаграм просторот ви „поминала“ фотографија со корнет исполнет со кафе. Можеби си помисливте и дека е монтажа.

Но, не е.

Се работи за нов тренд на послужување кафе кој почна да го практикува едно виенско кафуле - Fenster Cafe.

Кафулето се наоѓа во куќа стара 600 години и послужувањето се врши преку прозорец.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Mae Rii (@mae_rii)

Инаку, еспресо, макијато, капучино, кафе лате се само некои од кафињата кои ги послужуваат, а конкретно во корнетот засега оди само капучино.

Корнетот одвнатре е прелиен со чоколадо, што придонесува уште повеќе за фантастичниот вкус.  Тие го служат уште од 2017 година, но на Инстаграм стана популарно последниве месеци.

Некои податоци велат дека продаваат и околу 1.000 кафиња  на ден, што само говори за неговиот квалитет и популарност.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Fenster Café (@fenstercafe)

Не сме го посетиле, но дефинитивно ќе биде ставено на листата кога ќе дочекаме подобри денови за патување.

А од друга страна, ова е добра идеја да пробате вакво нешто и дома да направите. Пишете ни како ќе ви излезе :)).

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Fenster Café (@fenstercafe)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Mariana Greksa (@mg.mari_ana)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @mic_banx

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Carmen (@caaarmen_t)

 

Објавено:
16 март 2021
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
607 пати
Извор: 
journal.hr