Новата DASH диета го намалува високиот крвен притисок

15 март 2019

Ова не е само уште една диета за губење на килограмите, туку е нешто многу повеќе. Составена од основачите на Американскиот национален институт за истражувања на болести на срцето, белите дробови и крвта, истата за кратко време ќе го регулира и намали високиот крвен притисок.

carolyn_williams

Истата е супер делотворна и во елиминација на холестеролот, но и губење на масните наслаги. Основното нешто на што треба да внимавате кај оваа диета е изборот на намирници, односно секогаш а одбирате немасни протеини и здрави маснотии што ќе ве направат сити.

Диетата се одвива во две фази:

Првата трае 14 дена и во истата полека се откажувате од внесување на јаглехидрати. Тие две недели не внесувате овошје, житарици, ниту слатки, туку само риба, зеленчук и немасно месо како пилешко и мисиркино. Овие денови можете да јадете и јаткасти плодови и немасни сирења, а после тие две недели во исхраната внесувате житарици, компир и овошје.

aaptiv

Во првите две недели ќе изгубите околу два килограми, а за два месеци од пет до 15, секако, секогаш во консултација со вашиот лекар.

Иако станува збор за здрава диета во која има вклучено сè што му е потребно на вашиот организам, секогаш за ваквите режими на исхрана прво се консултирате со вашиот лекар.

Најважно е секогаш да имате три оброка: појадок, ручек и вечера. Ако почувствувате глад, можете да земете и две ужинки помеѓу.

Секако, внимавајте и на тоа количините на храна да бидат умерени, па имајте на ум дека рибата или месото за еден оброк треба да биде со големина на вашата рака.

eatingwell

Што се однесува до зеленчукот, нема ограничувања, додека сирењата треба да изнесуваат не повеќе од 100 грама по оброк.

Она што е супер е тоа што имате можност да јадете разновидна храна, па секогаш ќе имате инспирација што да си зготвите.

Единствена маана е тоа што за оваа диета треба да одвоите малку повеќе од вашиот месечен буџет за храна, бидејќи секогаш треба да имате свежи и здрави намирници.

diet_doctor

Во продолжение еден пример што би можеле да зготвите во текот на еден ден:

Појадок:

Две парчиња интегрален леб, 50 грама младо сирење, една јаболка, сок од портокал

Ужина:

Банана

Ручек:

150 грама пилешки гради на скара, 150 грама зелена салата, 200 грама интегрален ориз, 30 грама тврдо сирење.

princess_pinky_girl

Ужина:

Пола чаша капини и 200 грама грчки јогурт

Вечера:

150 грама пастрмка печена во рерна, салата од компир со кромид

Инфо и фото: Zena.blic.rs

Објавено:
15 март 2019
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
455 пати