Ова се најпопуларните детски торти во моментов

12 март 2021

Можеби веќе ви се појавиле на социјалните мрежи од таканаречените „цунами торти“. Тие се новиот хит кога се детските родендени во прашање.

Интересно е што основата на тортата е во овална форма, само испечена, без дополнителни декорации. Тие доаѓаат накнадно.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by cake decorating (@caketastyk)

Врз тестото се става фигура од омилената принцеза или Дизни јунак, а потоа се става кружен калап кој се полни со чоколадо, шарени трошки, течен фил со светки итн, а потоа калапот постепено се отстранува од горниот дел и настанува „магија“ која ги воодушевува децата.

Инаку, постојат и вакви „цунами“ торти за возрасни, но детските се далеку поинтересни.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Ricardo Rêgo (@ricorego)

Всушност, со ваквиот начин на ставање на крајниот фил се декорира фустанот на омилената принцеза. Постојат бројни варијанти на темава, а ние најдовме неколку интересни примери кои ќе ви ги презентираме во продолжение.

Не е премногу комплицирано, па доколку сте малку повешти во кујната, можете да пробате и да ја видите реакцијата на вашите најмили.

 

 

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by cake decorating (@caketastyk)

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
12 март 2021
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
3.991 пати
Тагови: 
цунами торта