Испивањето кафе не е само потреба, за некои е и омилена утринска рутина, која ја практикуваат сами или во друштво.
Сепак, ако ви е здодевно секое утро да пиете исто кафе, ние најдовме пет рецепта кои ќе го направат овој ваш ритуал уште поинтересен.
Кафе во корнет
View this post on Instagram
Зошто да е само во филџан, кога може да е и во корнет. А еве и како да го направите:
Стопете малку црно чоколадо и со него обложете ја внатрешноста на корнетот, како и работ на корнетот.
Сварете си капучино или инстант кафе и оставете малку да се излади. Потоа, префрлете го во корнетот и уживајте и во кафето и во десертот.
Кокос кафе
View this post on Instagram
Ако ја сакате оваа комбинација, тогаш ќе ви се допадне и рецептот.
Работ на чашата намачкајте го малку со бел еурокрем. Потоа, чашата свртена надолу, ставете ја во кокосово брашно, за да се залепи убаво на белиот крем.
На дното на чашата ставете две лажички бел еурокрем (или некој друг ако имате), а потоа ставеет го капучиното, инстант кафето или оние кафиња од кесичка. По желба можете да украсите и со шлаг.
Нугат кафе
View this post on Instagram
Ова е всушност црна варијанта на претходниот рецепт.
Одберете убава стаклена чаша, па со лажиче еурокрем намачкајте го работ на чашата. Потоа, како и во претходниот пример, наместо во кокос, работ ставете го во мелен лешник. Чашата првин наполнете ја со две лажички од црниот крем, а потоа додадете кафе по желба.
Лате со карамела
View this post on Instagram
Потребно ви е свежо подготвено еспресо, ,млечна пена и карамела. Епресото подгответе го на вообичаен начин, а потоа додадете една лажица карамела. Топло, слатко и вкусно утринско будење.
Црно кафе со цимет
View this post on Instagram
Потребно ви е свежо подготвено црно кафе, стапче цимет, шеќер и шлаг пена по желба. Кафето варете си го на вообичаен начин, со тоа што овој пат во ѓезвето ќе го додадете и стапчето цимет. Оставете го да отстои десетина минути, со цел да го впие вкусот на циметот. Потоа сипете во филџан и по желба додајте шеќер или шлаг и уживајте.