Посен десерт со банани и ананас

15 март 2018

И постот може да биде вкусен, ако знаете да ги пронајдете рецептите што ви се по вкус. Ние денеска се одлучивме за еден фин и освежувачки рецепт, што можеби ќе ве инспирира да си го направите и вие.

Се работи за посен десерт со банани и ананас.

Потребни состојки:

4 банани

4 лажици сок од лимон

4 лажици мед

100гр. ананас од конзерва

Начин на подготовка:

1.Исчистете ги банантите, пресечете на половина по должината и натопете ги со лимоновиот сок. Потоа, секоја банана ставете ја посебно на парче алуминиумска фолија.

2. Бананите потоа прелијте ги со мед и на секоја одозгора наредете од исечканиот ананас. 

3.Потоа преклопете ги со фолијата и добро затворете ги и краевите.

4.Печете во претходно загреана рерна, на 220 степени, 10-тина минути.

5.Бананите послужете ги топли, во комбинација со топка посен сладолед одозгора.

Уживајте!

Предлог: Ако не сакате сладолед, можете да ставите бадеми, лежници или ореви, или пак некое студено шумско овошје. 

Објавено:
15 март 2018
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
378 пати