Превкусен чоколаден мус од само две состојки

16 јули 2018

Ако сте обожавател на чоколадните десерти, а истовремено и на здравата исхрана, тогаш ова е совршениот баланс што можете да го направите и да сте супер задоволни.

Доколку денеска имате слободно попладне, тогаш задолжително направете го овој супер лесен, вкусен и пред сè, здрав десерт.

За истиот не ви треба печење, ниту пак саати поминати во кујната, туку само неколку состојки кои ќе го направат совршениот чоколаден мус.

За подготовка на овој десерт ќе ви бидат потребни вода од наут (можете да ја подготвите и сами ден претходно) и чоколадо со висока содржина на какао.

Истата можете да ја подготвите на едноставен начин, откако одредена количина на наут ќе оставите да се вари неколку часа и водата што ќе остане ќе ја соберете и ќе биде супер замена за белки.

За подготовка на овој десерт ќе ви биде потребно:

-125 мл.вода од наут

-100 гр. темно чоколадо

-Малку сол

-Една или две лажици стевиа (по потреба)

Подготовка:

Стопете го чоколадото на пареа и оставете да се излади. Со миксер добро измешајте ја водата од наут додека не стане како снег. Кога чоколадото малку ќе се излади, додајте ја изматената вода. Оставете десертот да се излади и послужете го.

По ваш избор, додајте овошје или мелени јаткасти плодови.

Извор: Modamo.info

Фото: Howsweeteats

Објавено:
16 јули 2018
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
329 пати