Промовирани француски еклери во Coffee factory

8 мај 2019

Кафулето Coffee Factory денеска беше местото каде во пријатна и непосредна атмосфера беа промовирани  повеќе видови на француски еклери, направени според оригинална рецептура и кои понатаму ќе бидат составен дел од менито. На промоцијата присуствуваше и францускиот амбасадор во Македонија, Кристиан Тимоние. 

Во одлично расположение и воодушевен од големиот избор на француски еклери, кои од денеска ќе бидат на менито на ова кафуле, тој изјави: 

„Прекрасно е што во Скопје конечно може да се најде ваков голем избор на француски еклери. Изгледаат дотолку привлечно што не знам што би избрал да вкусам првин. Но, знам дека ќе се вратам уште неколку пати додека не ги пробам сите видови на француски еклери“.

Оригиналниот француски еклер потекнува уште од XIX век во Франција. Историјата вели дека првиот еклер го има направено познатиот француски шеф Antonin Carême. Денес француските еклери претставуваат префинет деликатес во светот. А Скопје претендира да фати приклучок со светот, па затоа кафулето Coffee Factory го прошири своето мени со неколку видови оригинални француски еклери. 

Тимот на Coffee factory е обучен за повеќе од 20 вкусови еклери од професионален готвач од странство, кој две недели предходно престојуваше во Скопје на покана на локалот. 

„Исклучително е важно да се имаат точните состојки, професионална опрема, вештина и секако многу трпение и љубов за да може да се направат вакви еклери. Секој вкус на еклер е посебна приказна за себе, бидејќи се употребуваат посебни состојки за нивно полнење и декорација. Но, за почеток одлучивме да започнеме со шест вкусови (ванила, чоколадо, сникерс, кафе, кокос и јагода) и понатаму да го прошируваме нашето мени. Она што овие француски еклери Chouette (Шует) ги прави оригинални е тоа што нема компромис за ниедна состојка во нив. Се користи свежо овошје, најдобро француско овошно пире, природни ванила стапчиња, белгиско чоколадо, италијанско маскарпоне, био кокос и кокосово млеко, врвни брашна, свежи јајца и многу љубов при приготвувањето. Секоја состојка е најдобрата во својата категорија, па така и дел од нив се увезуваат од странство, бидејќи кај нас ги нема“, велат од Coffee Factory. 

Квалитетот на еклерите е единствениот приоритет, па затоа се користат исклучиво свежи состојки без користење на вештачки бои, ароми и засилувач на вкусот. Поради тоа рокот е кус, и најдобро е да се конзумираат во првите 48 часа.

Објавено:
8 мај 2019
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
1.999 пати