Рецепти за совршено прославување на празникот на љубовта и виното

10 февруари 2022

Велат, љубовта оди преку стомакот. Па, ако сакате навистина овој 14 февруари да си ја израдувате саканата личност со некој нов рецепт, ние имаме неколку супер предлози, кои се совршен спој на св. Валентин и св. Трифун, а следат во продолжение:

Вкусни срца од вино

Можете да ги направите со бело или црно вино.

Потребно: 250 мл вино, 4 лажици желатин, 1/2 лажичка мед, 2-4 лажици јаворов сируп.

Подготовка: Во тава, на тивок оган, ставете виното да се загрева. Потоа, додадете го желатинот и мешајте додека не се растопи убаво и целосно, а потоа додадете ги медот и јаворовиот сируп. Добиената смеса истурете ја во калап во срцевидна форма,  а потоа оставете во ладилник 2-3 часа за убаво да се изладат и стегнат.  На крајот, извадете ги од калапот и по желба декорирајте - со шеќер, или чоколадни трошки. Добри за послужување, но и подарок.

извор:sezahrana.mk;

 

Срца што се топат

Потребно:  3 готови кори за рота, 250 грама маскарпоне, слатка палвка 200 мл, 2 лажици шеќер во прав (а може и без него), 50 гр малини 

За прелив: 200 мл слатка павлака, 200 гр чоколадо

За украс: 100 гр малини

За сируп: 200 мл вода, 2 лажици шеќер, малку рум

Подготовка: Со калап за колачи, формирајте срца од корите. 

На рингла, ставете ги водата и шеќерот, а потоа и додадете го румот, па тргнете од рингла. Со сирупот натопете ги срцата од кора.

Во меѓувреме, изматете го маскарпонето со шеќер во прав. Во друг сад изматете ја слатката павлата и додајте ја во маскарпонето, па убаво соединете ги двете смеси. 

Врз кората од срца, ставете го кремот, па врз него ново срце и нежно притиснете. 

Потоа, направете го преливот. Загрејте ја павлаката и ставете го чоколадото исечкано на парчиња, па мешајте додека убаво не се растопи, но внимавајте да не зоврие. Готовата смеса со лажица ставете ја преку колачите, а потоа ставете ги и малините. Почекајте малку чоколадото да се стврдне, па сервирајте.

 

Бисквит срца

Еден од најпопуларните рецепти е токму овој, а ако сте умешни во декорирање, тогаш нека ве понесе креативноста и љубовта.

Потребно: 500 гр брашно, 250 гр путер, 250 гр шеќер, 1 лимон 2 јајца

Подготовка: 
Во сад за матење изматете го путерот, а потоа додадете го шеќерот и кора од лимон, па продолжете да матите. Потоа, додадете ги јајцата во смесата и продолжете со матење. Додавајте полека брашно (на два пати) и матете со миксер. 

Откако смесата ќе се соедини, размесете го тестото и оставете го да постои во ладилник околу два часа.
Потоа, расукајте го и со модли во форма на срце, направете ги бисквитите. Наредете ги во тава обложена со хартија за печење и печете околу 10 до 15 минути, на 180 степени. 
Декорирајте по желба - со крем, шлаг, фондан, трошки, прехрамбена боја итн...

извор: линк

Објавено:
10 февруари 2022
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
355 пати