Сè што не сте знаеле за сладоледот

10 август 2018

Сладоледот на многумина е омиленото летно освежување. Овој кремаст и вкусен десерт доаѓа во многу облици и бои, а како се наметнуваат нови трендови и се следат потребите на потрошувачите, веќе можат да се најдат и сладоледи дури и за оние што се нетолерантни на глукоза или имаат проблеми со шеќерот.

На Инстаграм се сè популарни и веганските сладоледи, кои благодарение на оваа социјална мрежа многумина би сакале да ги пробаат.

Без разлика во која група спаѓате и кој е вашиот омилен вкус, заедничко на сите е љубовта кон сладоледот.

Во продолжение пак, ќе ви презентираме интересни факти за омилениот летен десерт што можеби не сте ги знаеле:

- Млекото како составен дел на сладоледот почнало да се става во 10. век, а дотогаш се правел од мраз. Првата машина за сладолед е конструирана од Ненси Џонсон во 1846 година. Индустриското производство на сладоледот, каков што денеска го знаеме, започнува во 1851 година во Бостон.

-Првиот сладолед на стапче „Ескимо бар“ се појавил во 1934 година во Ајова. Изумител е Крис Нелсон.

-Најпопуларниот вкус на сладолед во САД е ванила, а зад него се чоколада и јагода.

-Сладоледот во корнет е измислен во текот на Светскиот саем во Сент Луис во 1904 година. Големата побарувачка за овој десерт на настанот го приморала сладоледџијата да побара помош од продавачот на вафрли, кој имал тезга на саемот во негова близина. Заедно го смислиле корнетот за сладолед и на тој начин влегуваат во историјата.

-Но, постои уште една верзија на приказната која вели дека сладоледот во корнет е измислен благодарение на една девојка од Луизијана во 1904 година. Наводно, кога момчето ѝ подарило цвеќе завиткано во хартија, таа добила идеја да направи фишек од обланди во кои ќе го стави сладоледот.

-Се верува дека една топка сладолед од ванила содржи 273 калории.

-Еден од најнеобичните вкусови на овој десерт е сладоледот со вкус на хот-дог направен во Аризона. Постојат и сладоледи од лук, тиква и авокадо, само за оние со издржлив стомак.

-Во текот на својот животен век, една крава може да произведе доволно млеко за да се направат речиси 40.000 килограми сладолед.

-Сладоледот во Европа доаѓа во 13. век, кога Марко Поло од Кина се враќа во Италија, носејќи го со себе рецептот за сладолед.

-Најскапиот сладолед на светот го произведува „Scoopi Cafe“ во Дубаи. Сладоледот го носи називот „црн дијамант“ и неговиот вкус се добива од тартуфи и ирански шафран, како и 23-каратни златни снегулки со кои е украсен. Само една топка од најскапиот сладолед на светот чини 817 долари.

-На Хаваите расте растение чиј назив е „зрно сладолед“. Неговиот вкус е идентичен на вкусот на сладоледот од ванила.

-Во САД се произведува најмногу сладолед во светот, на годишно ниво. Американскиот претседател Роналд Реган во 1984 година, месецот јули го прогласил за национален месец на сладоледот. Тоа стана традиција во САД и се одбележува секоја година со приредување на разни манифестации во чест на сладоледот.

-Во близина на Болоња во 2003 година е отворен првиот „Џелато универзитет“. Курсевите од областа на производство на сладолед ги организира најголемиот произведувач на машини за сладолед „Карпиџани“. Годишно, на нивните предавања доаѓаат повеќе од 6.000 луѓе.

-Последното нешто што Елвис Приси го изел биле четири топки сладолед и шест чоколадни колачиња.

-Просечен Американец купува 26 литри сладолед, а 87 отсто од населението во секој момент има сладолед во својот фрижидер..

-Најголем светски произведувач на сладолед е „Унилевер“, а зад него е „Нестле“. 

 

Објавено:
10 август 2018
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
518 пати
Тагови: 
сладолед вкусно