Тирамису по рецепт на Софија Лорен

17 март 2017

„Сè што имам, им должам на шпагетите“, е една од најлегендарние изјави на дивата Софија Лорен. И покрај тоа што секогаш важела за една од најзгодните Италијанки и воопшто жени на светот, не е тајна дека е голем љубител на храната.

Во текот на својата кариера издаде и две книги со рецепти и тоа: „Со љубов во кујна“ во 1972 година и „Рецептите и спомените...“ во 1998 година.

Токму во последнава се наоѓа и овој рецепт за класичен, италијански тирамису, на кој сигурни сме нема да му оддолеете.

А еве како го подготвува Софија Лорен:

Потребни намирници:

3 јајца (раздвојте ги жолчките и белките)

5 лажици шеќер

170 гр. маскарпоне

1 големо пакување пишкоти (околу 36)

1 шолја ликер од портокал

1 шолја кафе еспресо

60 грама горка чоколада, изрендана

½ шолја чист, незашеќерено какао во прав

 

Подготовка:

1.Жолчките и шеќерот ставете во сад со средна големина и добро изматете ги.

2.Во друг сад, изматете ги белките додека не добиете густа, цврста бела смеса.

3.Во трет сад пак, помешајте ја смесата од жолчките и шеќерот, со маскарпоне, а потоа додадете ја и смесата од белките, за да се добие кремаста мешавина.

4.Пишкотите наредете ги густо една до друга во сад за послужување со пречник од околу 25 см.

5.Со половина од количеството ликер од портокал и еспресото, наросете ги пишкотите.

6.Врз пишкотите ставете ја смесата со маскарпоне и нарендано чоколадо, па посипете ја со малку повеќе од половина од предвиденото количество какао.

7.Потоа наредете го вториот слој пишкоти и наросете ги со остатокот од ликерот и еспресото.

8.Оставете го тирамисуто во ладилник неколку часа или преку ноќ.

9.Пред да го послужите, украсете го со останатиот дел од какаото.

 

Ако се размислувавте со што да ги израдувате саканите викендов, ова е одличен предлог! Уживајте!

Објавено:
17 март 2017
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
286 пати