Торта со шумско овошје што не се пече

4 јуни 2020

Ако сакате брза и вкусна торта, а притоа сте и љубител на јагоди, веруваме дека овој рецепт ќе ви го привлече вниманието.

Потребни состојки:

За тесто: 200 грама мелени бисквити, 80 грама путер, 1 ванилин шеќер

За филот: 400мл грчки јогурт, 400 гр. неутрално крем сирење, 200 мл слатка павлака, 80 гр шеќер во прав, 3 ванилин шеќера, 100 грама овошје по избор (јагоди, малини, праски, боровници), 3 ќесички желатин, 4 ќесички црвен желатин

Дополнително: свежо овошје

Подготовка:

Растопете го путерот. Во сад измешајте мелени бисквити, путер и ванилин шеќер и соединете ги во хомогена смеса. Калапот за торта со дијаметар од 20 см, обложете го со хартија за печење, па врз неа истурете ја смесата со бисквити, израмнете ја и втиснете ја во калапот. Калапот ставете го во ладилник околу 40 минути.

Со миксер изматете ја слатката павлака во цврст шлаг. Овошјето измијте го и иситнете со помош на тенката маталка од миксерот. Секоја од ќесичките желатин истурете ја во сад и врз секоја содржина нанесете 3 лажици вода (посебно разделете го црвениот желатин, посебно обичниот).

Во посебен сад, со лажица измешајте ги грчкиот јогурт, крем-сирот, шеќерот и ванилиниот шеќер, а потоа додадете ја изматената слатка павлака. Соединете ја смесата, а потоа поделете ја на два дела. Во едниот ставете го шумското овошје.

Црвениот желатин загрејте го и почекајте да се стопи, малку изладете го и потоа истурете го во смесата со овошјтето. Повторете ја постапката со обичниот желатин и ставете го во смесата без овошје.

Добиените филмови распорете ги на подлогата од бисквити и оставете во ладилник најмалку 4 часа, а најдобро преку ноќ.

Тортата на крај можете да ја украсите со свежо овошје и со црвен прелив за торти кој ќе го подготвите според постапките на ќеричката. А можете да си ја декорирате и по ваша желба.

Совет плус: Ако не можете да најдете црвен желатин, користете обичен.

 

Објавено:
4 јуни 2020
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
721 пати