Три десерта што не дебелеат

6 мај 2021

Сите сакаме да се заблажиме и да се почестиме со некој вкусен колач или торта. Но, иде лето, карантинот и изолацијата не ни помогнаа баш најмногу во одржувањето на фит тело.

Во потрага по лесни десерти кои не дебелеат, најдовме три супер рецепти кои можете да ги направите уште денес.

Здрав сладолед


Состојки за четири порции: 4 банани, 50 мл бадемово млеко, 2 лажици јаворов сируп (по желба), 125 гр боровници, јагоди или малини, ореви; бадеми, лешници по желба.

Подготовка: Бананите исечкајте ги на поголеми парчиња и ставете ги најмалку три часа, а најдобро пеку ноќ, во замрзнувач. Замрзнатите банани заедно со свежото овошје ставете го во миксер и додајте малку бадемово млеко, заедно со сирупот, оставајќи малку овошје и за декорација. Матете со миксер додека смесата не биде мазна. Готовиот сладолед ставете го во калапи за сладолед и стапче и повторно замрзнете го ако сакате да биде на стапче.

 

Мус од авокадо со какао

Вегански десерт, кој не содржи лактоза и глукоза и совршен за секој период од годината.

Состојки за две проции: 1 авокадо со средна големина, 1 банана, 2 лажици какао, 1 лажичка јаворов сируп или мед

Подготовка: Авокадото преполовете го, отранете ја коската и одвојте ја пулпата од кората. Заедно со другите состојки ставете во миксер, односно блендер се' додека не добиете кремаста смеса. Распределете во чинии за десерт и на крајот додајте бадеми, ореви, лешници или свежо овошје по желба.

 

Бомбици од хималајска сол и темно чоколадо

Потребно: 1/2 шолја бадеми, 3/4 шолја урми, 1 лажица кокосово масло, 50 грама темно чоколадо (70 или 80% какао), хималајска сол

Подготовка:  Урмите ставете ги во врела вода да отстојат околу 30 минути. Бадемите сомелете ги, додајте ги процедените урми и кокосовото масло, па матете додека не добиете смеса која се поврзува на допир, односно притисок. Обликувајте бомбици и ставете ги во замрзнувач додека го топите чоколадото. 

Извадете ги бомбиците и ставете ги во чоколадото . Вака подготвените бомбици наросете ги со хималајска сол и ставете во замрзнувач околу 10 минути. Потоа, префрлете ги во ладилник до моментот на сервирање.

Поради натриумот што се содржи во солта, вкусот на чоколадото ќе биде уште поинтензивност и солта ќе биде како зачин кој во спој со чоколадото создава нијанси на вкус кои се неодоливи.


Пробајте и кажете ни ви вашите впечатоци.

 

Објавено:
6 мај 2021
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
7.737 пати