Во текот на летото нема ништо поубаво од освежителна лубеница која е вистински хит кога е топлата сезона во прашање.
Доколку летово ви здодеа да ја јадете на едноставниот начин, ние денеска ви предлагаме малку поинаков начин како можете да ја консумирате, а со тоа и да ги израдувате вашите пријатели кога ќе ви се најават на гости.
hindustan_times
Лубеницата е фантастичен избор во лето бидејќи на природен начин го хидрира вашето тело, го подобрува имунитетот, но и го подобрува расположението, особено ако е студена!
Ако летово сакате да бидете креативни и да испробате нови рецепти, ние ви предлагаме три во продолжение.
1.Салата со лубеница, фета сирење и нане
a_communal_table
Исечете ја лубеницата на коцки, наредете ја во чинија и одзгора ставете лист нане, па коцка фета и добро зацврстете ги со чепкалка за заби. Одоколу можете да украсите со неколку црни маслинки, да ставите и малку лимонов сок, маслиново масло, сол и уште малку нане.
2.Салата со лубеница, рукола и краставица
feasting_at_home
Исечкајте ја ситно лубеницата, само внимавајте да не се распадне, одозгора ставете неколку листа рукола и краставицата исечете ја на тенки парчиња, па на половина. По избор, одозгора украсете со малку фета сирење, зачини, маслиново и лимонов сок и добро промешајте.
3.Сладолед од лубеница
oh_the_things_well_make
Потребно:
Малку лубеница исечена на коцки, без семки
Четири лажици мед
Една шолја грчки јогурт
Една лажица лимонов сок
Подготовка:
Лубеницата ставете ја во блендер и добро измешајте, па префрлете ја во длабок сад. Во истиот, додајте ги медот, јогуртот и лимоновиот сок. Ставете ја смесата во калапи за сладолед и оставете да стои неколку часа во ладилник.
Инфо: Bonjour.ba