Викенд мезе: Крцкави спирали од тиквички и пармезан

19 септември 2020

Викенд е време за опуштање, па направете си го ова мезе, кое одлично оди со пиво или вино. Многумина го сакаат овој рецепт, бидејќи е комбинација на пржени тиквички и помфрит, само во здрава верзија.

Ви го привлековме вниманието?

Еве како се приготвува.

Потребни состојки: 30 гр. пченкарно брашно, 4 големи белки (малку изматени), 100 гр. лебни трошки, 20 гр. пармезан, Лажица и пол суво оригано, 350 гр. тиквички, 1/4 лажичка сол

Поdготовка: Тиквичките исечкајте ги во спирала со помош на такво сечило. Ако немате такво, тогаш нека бидат на тенки линии (долги од 12 до 15 сантиметри). Оставете 15-тина минути да се исцедат. Во меѓувреме, загрејте ја рерната на 220 степени. Во метално тавче (или плек) ставете хартија за печење (или премачкајте го со масло или путер, по избор). Пченкарното брашно ставете го во плиток сад, изматените белки во друг исто така плиток сад, додека во третиот сад направете микс од лебните трошки, пармезанот и ориганото. Тиквичките првин ставете ги во пченкарното брашно, потоа во белките, а на крај во сувиот микс. Потоа наредете ги во тавчето (или плекот). Печете 10 до 12 минути, додека не добијат златна боја и не станат крцкави. 

Потоа извадете ги од рерна и посолете. Овој рецепт совршено се слага со сосови, посебно оние на база на сенф и павлака.

Може да биде совршено мезе или додаток со некое главно јадење. 

На здравје!

Видео: eatingwell.com;

 

Објавено:
19 септември 2020
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
919 пати