Викенд рецепт: Брза и вкусна салата со пилешко и тестенини

1 август 2020

Кога температурите се високи, никој не е расположен да минува многу време во кујна и покрај шпорет. Затоа, ние ви предлагаме еден рецепт кој нема да ви одземе многу време, богат е со протеини, а совршено е вкусен и кога не е топол - Салата со тестенини и пилешко.

Потребни состојки:

400 грама тестенина по желба (сосот најдобро ќе го „впијат“ макароните), 200 грама печено пилешко (ако не сакате да печете, послужете се со готово од маркет), 100 грама замрзнат грашок, 50 грама замрзната пченка, 1 свежа пиперка, 100 грама шери домати, неколку ливчиња босилек.

За кремастиот сос: 200 грама павлака, 75 грама мајонез, 1 лажица сенф, сол и бибер по желба

Лесен прелив (ако не сакате сос): 4-5 лажици маслиново масли, сок од 1 лимон, сол и бибер по желба

Подготовка:

-Сварете ја тестенината според упатството. Пре крајот на варењето во вода додадете ги замрзнатите грашок и пченка. Втора опција да се послужите со грашок и пченка од конзерва. Потоа, процедете ја тестенината и оставете да се излади.

-Печеното пилешко насечкајте го на ситни парчиња. Исчистете ја пиперката и таа исечкајте ја на мали коцкасти парчиња. Шери доматите, откако ќе ги измиете, преполовете ги.

-Тестенината, пилешкото и зеленчукот помешајте ги во еден сад. Одберете дали сакате салата со лесен прелив или со кремас. За која и варијанта да се одлучите, спојте ги состојките во компактна смеса (можете да ги изматите) и спојте ги со тестенината.

-Ова салата може да стои во ладилник околу три дена, па е совршено јадење и додека сте на одмор.

Совет повеќе: Можете да си експериментирате со состојките, особено доколку во фрижидерот имате состојки чиј рок е пред истекнување. Ако не сакате месо, можете да го замените со фета или варени јајца, варен грав, леќа, а можете да додадете и свежи или кисели краставички, морков...

Салатата ќе има најдобар вкус откако ќе отстои малку, односно кога сите вкусови ќе се поврзат.

 

Објавено:
1 август 2020
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
461 пати