Викенд рецепт: Брза орео сладолед торта

10 јули 2021

Сакате нешто вкусно, брзо, лесно, а згора на тоа и освежително на овие високи температури?

Ние имаме еден супер рецепт за вас: Брза орео сладолед  торта

Потребни состојки:

за тесто: 16 класични Орео бисквити, 60 грама растопен путер

за фил: 1.5 кг сладолед од ванила и 24 искршени Орео бисквити.

Начин на подготовка: Бисквитите за подлога сомелете ги, па помешајте ги со растопен путер. Смесата рамномерно распоредете ја на дното на калапот (дијаметар 20см). Сладоледот пред да го искористите, оставете го малку на собна температура за да може полесно да се меша со искршените бисквити. Некои можете и само да ги преполовите, за тортата да изгледа поинтересно при сервирањето. Смесата со сладолед распоредете ја по основата рамномерно и измазнете. Ставете ја тортата најмалку четири часа во замрзнувач, па послужете.

Предлог плус: Можете и да ја збогатите. На пример, да ја поделите смесата со сладолед на два. Врз подлогата да ја наредите едната половина, потоа врз неа да додадете растопено чоколадо со малку путер или карамела ако сакате, па врз тоа да ја ставите втората половина од смесата со сладолед и на крај да украсите со орео трошки.

Објавено:
10 јули 2021
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
596 пати