Викенд рецепт: Домашен намаз со грашок

9 мај 2020

Брзо, лесно и многу вкусно - ако сте обожавател на вакви рецепти, тогаш сигурни сме дека овој ќе ви биде интересен.

Можеби меѓу вас има и такви што не се обожаватели на грашокот, но дадете му шанса на овој домашен намаз, фантастично оди со топол леб, ќе се изненадите :)

А еве како да го подготвите:

400гр грашок
1 мала главица кромид
2 чешниња лук
Магдонос
Сол, бибер, вегета...
Зејтин по потреба

Грашокот сварете го во посолена вода, заедно со кромидот исечкан на парчиња и едно од лукчињата (другото оставете го за на крај). Доколку користите грашок од конзерва, ставете го исто така на оган заедно со кромидот само малку колку да зоврие водата.

Прецедете го од водата и ставете во блендер или сецко заедно со зачините и другото лукче. Блендирајте додека да добиете хомогена смеса. Како пире. На страна загрејте зејтин. Јас ставив отприлика 5-6 лажици. Попарете го спремниот намаз и промешајте. Додадете уште зејтин доколку сметате дека е суво. Спремете си лепче, намачкајте и тоа е тоа. Уживање до максимум.

Може да оди добро со риба, или некое селско мевце, или запржено сланинче...А може да биде доволно и само на топло лепче.

Извор: @pomojvkus

Објавено:
9 мај 2020
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
631 пати