Викенд рецепт: Домашна проја со спанаќ

20 февруари 2021

Добро утро.

Ако сакате саботно да ги изненадите домашните со вкусен појадок, ние имаме супер предлог, одличен дури и за оние што се почетници во кујната.

Рецептот го најдовме кај @gotvi.me.so.tea.

 

Потребни состојки:

- 4 јајца
-1/2 чаша* масло
- 1 пециво
- 1 чаша* брашно
- 1 чаша* гриз
- 1 чаша* кисело млеко или јогурт
- по желба: спанаќ и сирење, шунка, кашкавал и оригано, праз и сирење, и сл.
*чаша за млеко од 200 мл

Начин на подготовка:

Во подлабок сад изматете ги јајцата со маталка и потоа додадете ги маслото, пецивото, брашното, гризот и јогуртот. Сè убаво измешајте за да добиете убава хомогена смеса. На крај додадете ги спанаќот и сирењето, измешајте убаво и ставете ја смесата во тавче за печење. Печете во загреана рерна на 250 степени 20 минути и уште 10 минути на 200 степени.

Објавено:
20 февруари 2021
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
726 пати