Викенд рецепт: Домашни медени срца со чоколадо

28 ноември 2020

Ако викендов сакате да ги изненадите домашните со вкусни колачиња, кои притоа се мошне убави и на изглед, погледнете го овој рецепт, кој го најдовме на профилот @suzy_cookie_factory;

Потребни состојки: 320 гр меко брашно, 160 грама црно брашно, прстофат сол, 6 лажици мелени ореви, 130 грама шеќер, 200 грама мед (може и помалку, зависи од вкусот што го преферирате), 100 грама путер, лажица сода бикарбона, 2 јајца, 1/2 ќесичка цимет (и други зачини кои ги преферирате - морско оревче, рендан ѓумбир...)

Дополнително: 300 грама џем или мармелад од сливи, 200 грама чоколадо, 120 грама маргарин.

 

Подготовка:

-Загрејте ја рерната на 175 степени

-Во голема здела просејте го брашното и зачините и додајте сол
-На тивок оган растиоете го путерот, медот и шеќерот. Кога путерот и шеќерот ќе се растопат, тргнете ги од оган и додајте сода. Мешајте додека смесата не стане пенеста.

-Во садот со суви состојки направете „дупка“ и додајте ја топлата смеса од шеќер, мед и маргарин, па додадете ги јајцата. Замесете го тестото и развлечете го на дебелина од 5 мм. Со калапи во форма на срце, формирајте ги колачињата. Тестото кое ви останува после формирањето на калапите, повторно измесете го, развлечете и повторно формирајте колачиња, додека не го потрошите целото.

-Префрлете ги во тава обложена со хартија за печење и печете околу 3 до 5 минути. Важно е да не ги препечете, готови се кога дупло ќе се зголемат и ќе добијат златеникава боја.

-Печените срца внимателно префрлете ги од тавата на рамна подлога и оставете да се изладат. Џемот загрејте го на тивок оган, додека да стане течен. Нанесете и размачкајте го на едно срце со помош на лажичка и поклопете со друго срце.

-Така формираните колачиња, оставете ги дваесетина минути додека не се зацврстат едно за друго. 

-Во меѓувреме, чоколадото и маргаринот стопете ги на пареа, па изладените и стврднати срца од едната страна потопете ги во чоколадната глазура. 

-Наредете ги во друг сад додека да се изладат и чоколадото да се стегне. Потоа преместете ги медените срца во кутија за да омекнат.

-На крајот, уживајте во јадењето.

 

Објавено:
28 ноември 2020
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
908 пати