Викенд рецепт: Ѕвезден тарт

19 декември 2020

Како што наближува Новата година, така веруваме дека сте во потрага по идеалните рецепти со кои ќе ја збогатите празничната трпеза.

Ние најдовме еден лесен, а фантастичен и на вкус и на око - Moon Tart, иако ние поради декорацијата го нарековме ѕвезден.

Ни го привлече вниманието, а го видовме на Инстаграм профилот @kitchen4me и во продолжение го споделуваме со вас:

Состојки за тесто:
- 250 гр брашно;
- 100 гр путер;
- 1 јајце;
- половина ќесичка пециво;
- рендана кора од еден лимон

Состојки за фил:
- 500 мл млеко;
- 200 гр шеќер;
- 2 јајца;
- 90 гр брашно;
- 1 ќесичка шеќер со вкус на лимон.


Начин на подготовка:
-Се замесува тесто од наведените состојќи. Тестото се витка во транспарентна фолија и се остава во ладилник околу 1час;

-На оган во млекото се  додаваат шеќерот, јајцата, брашното и ќесичката шеќер со вкус на лимон, постојано мешајте да добиете густ крем.  Кремот се лади со повремено мешање за да не фати кора.

- Кога ќе го извадите тестото од фрижидер, отсечете 1/4 за ѕвездите одозгора. Поголемиот дел од тестото моделирајте го во калап за тарт и дното избоцкајте го со вилушка.

-Изладениот крем истурете го врз тестото и израмнете. Одвоеното тесто расукајте го во тенка кора и од него направете  ѕвезди кои ќе ги наредите врз кремот.

Тартот се печеме во загреана рерна на 180 С околу 25 минути;
На крајот украсете го со шеќер во прав.

Објавено:
19 декември 2020
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
1.008 пати