Викенд рецепт: Фантастична овошна торта без печење

22 август 2020

Доколку викендов сакате да се почестите со нешто вкусно, благо, а притоа да е брзо, ние пронајдовме еден супер рецепт.

Се работи за овошна торта без печење.

Рецептот е преземен од Инстаграм профилот на @martinacooking, а ние ви го пренесуваме во продолжение:

Начин на подготовка:

Свареното какао(1-2 лажички какао со 200-220 мл вода и шеќер) Прелијте го преку мелените бисквити и натапкајте ја кората во плех со хартија за печење(или намрсен-бр.26-28).

Најпрво изблендирајте или изгмечете го овошјето со 200 мл вода и измешајте го со шеќерот и густинот. Варете го неколку минути дури се згусне малку и оставете го дури го спремате другиотдел. Измешајте ги млекото, шеќерот и гризот и варете дури не се згусне со постојано мешање. Најпрво на поголема температура, потоа смалете, дури не добиете густина како пудинг. 1/3 од овој дел додадете ја во овошниот, а во останатиот дел додадете бела чоколада на коцки и мешајте дури не се растопи.

Ставете го прво белиот дел врз кората и одтавете 10-15 минути на ладно место, па одозгора додадете го овошниот дел. Оставете во фрижидер 15-20 минути, па прелијте ја со глазура од растопено чоколадо, маргарин и млеко на пареа. Оставете се да се стегне најмалку 1/2-1 час во фрижидер и може да послужите .

Објавено:
22 август 2020
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
445 пати