Викенд рецепт: Коцки од чоколадо и кокос за вистинско освежување

31 јули 2021

За овој врел викенд ви предлагаме вкусен, но и освежувачки рецепт - коцки од чоколадо и кокос.

Потребни состојки:

За тестото: 160 гр. темно чоколадо, 35 грама путер, 2 јајца, прстофат сол, 1 ванилин шеќер, 30 гр. кокосово брашно (ситно), 10 гр. прашок за пециво.

За кремот: 1 пудинг од кокос, 1 литро млеко, шеќер по желба

За декорација: Кокос

Начин на подготовка:

-Чоколадото стопете го со путерот.

-Од јајцата одвојте ги белките и во нив додајте малку сол и матете додека не добиете цврста смеса. 

-Жолчките пак изматете ги со шеќер додека не станат пенести. Во нив додајте го чоколадото и добро соединете. Во таа смеса додадете го кокосовото брашно и прашокот за пециво. На крајот, со лесни движења додаја и смесата со белките.

-Тестото ставете го во подмачкан калап и печете на 180 степени 20 минути. 

-Во меѓувреме сварете го пудингот од кокос. 

-Кога тестото ќе биде готово, а пудингот малку изладен, прелијте го преку тестото. Оставете го колачот на собна температура да постои малку, а потоа додадете го и кокосот одозгора и ставете во ладилник околу три часа. 

Ако сакате дополнителна доза освежување, можете да додадете и шумско овошје или уште еден слој чоколадо одозгора.

На здравје!

Објавено:
31 јули 2021
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
410 пати