Викенд рецепт: Кокос бомбици со еурокрем

20 јуни 2020

Викенд е време да се опуштиме и малку да уживаме, а тоа подразбира и вкусни колачиња :).

Денешниот предлог се кокос бомбици со чоколадо, а еве и како да ги направите:

Потребни состојки:

250 грама маскарпоне, 80 грама шеќер, 150 грама кокосово брашно, крем од лешници (еурокрем), кокосово брашно за декорација.

Подготвока:

Во сад измешајте ги маскарпоне сирењето, шеќерот и кокосовото брашно. Соединете ги состојките и формирајте топчиња. Во нив додате малку еурокрем и дообликувајте ги. На крај наросете ги со кокосово брашно и сервирајте.

 

Брзо, лесно и вкусно.

 

Објавено:
20 јуни 2020
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
1.280 пати