Викенд рецепт: Колачиња со кокос, кикирики и чоколадо

18 јули 2020

Дозволете си викендов едно слатко уживање. Ако сте љубител на кокос, кикирики и чоколадо, тогаш рецептов ќе ви стане еден од омилените.

А еве како се подготвува:

Потребни состојки за основа: 130 грама кокосово брашно, 80 грама мазен путер од кикирики, 80 грама несолени мазни кикирики, 50 грама какао, 4 мали лажици мед, 1 лажица вода.

Состојки за крем: 200 грама мазен путер од кикирики, 70 грама млечен путер, 70 грама мед, прстофат сол

Состојки за прелив: 100 грама темно чоколадо, 1 лажичка путер, 1 лажичка путер од кикирики и 1 лажичка мед.

Подготовка:

-Започнете со основата. Во блендер или сецко, ставете ги сите состојки за основата. Блендирајте додека не добиете убава густа и леплива смеса. Ако ви изгледа премногу сува, додадете уште малку мед, а доколку е пак премногу влажна, додадете уште малку кокос..

-Во тавче со правоаголна или квадратна форма, префрлете ја добиената смеса и притиснете ја убаво на дното. Ставете ја во ладилник, а во меѓувреме почнете со подготовка на кремот.

-Во сад ставете ги сите состојки за кремот и матете со миксер околу 2-3 минути, додека не добиете мазна смеса. Млечниот путер мора да биде на собна температура. Готовиот крем прелијте го преку основата и вратете во ладилник уште еден час.

-Откако ќе се излади убаво, направете ја глазурата. Во сад ставете го путерот , чоколадото и медот и растопете на тивок оган. Кога ќе се стопат состојките и кога ќе ги соедините со лажица, додадете го путерот од кикирики и добро промешајте, а потоа прелијте преку колачот. Вратете во ладилник и оставете неколку часа добро да се излади. Ако ова ви е премногу, тогаш користете само млечен путер и темно чоколадо.

Резултатот ќе бидат фантастични, здрави, но и калорични бајадери, па затоа дозирајте ја употребата.

Објавено:
18 јули 2020
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
435 пати