Викенд рецепт: Млад компир со пармезан

30 април 2022

Во продавниците веќе има млади компири и ќе се согласите дека се исклучително вкусни. Ние за денеска одбравме рецепт кој е брз, лесен и вкусен, па не се сомневаме дека ќе сакате да го повторите.

Потребно: шест млади компири, (средна големина), 1/4 шолја путер, околу 100 грма пармезан (или повеќе, ако преферирате), сол, бибер по вкус, лук во прав. Ако сакате, можете да додадете и, сланина, магдонос...

Подготовка: Загрејте ја рерната на 200 степени. Путерот стопете и истурете го во тавче со димензии (23х33 сантиметри), ако е поголемо, тогаш зголемете го малку количеството путер. Потоа врз путерот истурете го пармезанот, да го прекриете дното. А потоа додадете ги и останатите зачини. Компирите исечете ги на половинки и наредете ги со „лицето“ надолу, врз путерот и зачините. Печете 40-45 минути.

Потоа исклучете ја рерната и оставете го тавчето со компирите уште некоја минута, а потоа макар уште пет минути пред да го извадите компирот од тавата, за да пармезанот убаво се спои со компирот.

Сервирајте со сенф или павлака или било кој друг сос што ви се допаѓа. А ако сте љубител на пиво, ова е одлично „мезе“ (а може да биде и ручек),

 

 

Објавено:
30 април 2022
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
2.337 пати