Викенд рецепт: Крцкави палачинки од пире и сирење

3 октомври 2020

Нашиот денешен предлог за викенд-рецепт е нешто сочно и вкусно, што ќе посакате да го правите почесто.

Се работи за крцкави палачинки или плескавици од пире и сирење.

А како се подготвуваат, читајте во продолжение:

Состојки: 400 грама ладно пире (или старо), 1 помал лук, 100 грама моцарела или пармезан, 70 грама скробно брашно или лебни трошки, 1 јајце, сол, бибер, 2 лажици масло за пржење и 2 лажици путер за пржење

Подготовка:

-Лукот насечкајте го ситно. Во еден сад ставете го пирето, додајте го лукот, посолете, додадете бибер по вкус, а потоа додадете го разматеното јајце и се' добро промешајте.

-На претходната смеса додадете го ренданиот пармезан или моцарелата, и скробното брашно, па соединете ги сите состојки. Смесата мора да биде малку сува, но добра за обликување. Ако забележите дека е премногу леплива, нема да можете убаво да ги обликувате плескавиците, односно палачинките, и во тој случај додадете уште некоја лажица скробно брашно.

Оставете ја смесата во ладилник 30-45 минути добро да се стегне. Потоа земете по една голема полна лажица смеса, оформите топче кое потоа со дланките лесно ќе го претворите во плескавица. Ставете ги на хартија за готвење.

Во тавче или тава за пржење ставете ги маслото и путерот и загрејте на средна температура. Кога доволно ќе се загрее, внимателно ставете ги плескавиците и пржете по околу 3 минути (од страна), односно додека не забележите дека добиваат златно-жолта боја. Потоа ставете ги во сад обложен со салфетки, за да се впие вишокот маснотија.

Можете да ги послужите како ручек со некоја салата или да бидат прилог со печурки или некое месо.

Или да бидат мезе со некој сос.

Извор: natashakitchen.com;

Објавено:
3 октомври 2020
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
376 пати