Викенд рецепт: Крем колач кој не се пече

27 март 2021

Нешто благо, брзо и што не се пече, зарем не звучи многу примамливо?! 

Овој крем колач е составен од основа од пишкоти, вкусен жолт крем и шлаг. Па, ако пролетта ве асоцира на колач, кафе и букет нарциси во кујната, време е да се впуштите во готвење. Најубавата работа во врска со овој колач? Не се пече!

Потребни состојки:

За основа: 

150 гр пишкоти

30 гр шеќер во прав

30 гр какао

300 мл млеко

За крем

5 жолчки од јајце

200 гр шеќер

20 гр брашно

30 гр пченичен скроб

500 мл млеко

250 гр мек путер

За декорација: 

400 мл павлака за шлаг

100 гр чоколадо за готвење

Подготовка:

Во сад измешајте ги шеќерот во прав, какаото и топлото млеко. Секоја пишкота потопете ја во смесата па ставете ја во сад со димензии 20 x 30. 

Изматете ги жолчките со шеќерот и додадете го млекото, брашното и пченичниот скроб. Кремот гответе го на тивок оган за да згусне. Покријте со проѕирна фолија и ставете го да се лади еден час на собна температура. 

По еден час, додадете го мекиот путер во кремот и измешајте. Смесата нанесете ја врз пишкотите рамномерно. Ставете го колачот во ладилникот еден час. 

Во меѓувреме подгответе го шлагот. На изладениот колач додадете го шлагот, а одозгора изрендајте го чоколадото за готвење. 

На здравје!

 

Објавено:
27 март 2021
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
445 пати