Викенд рецепт: Мафини со јапонски јаболка и кокос

21 јануари 2023

Сега е најдобро време да се погрижиме за здравите навики. Јануарските празници се зад нас, па добро би било да направиме еден мал детокс на организмот со вкусни и здрави рецепти. Слатките задоволства нема да изостанат, но ќе бидат во една многу подобра и понутритивна варијанта.

Една наша инстаграм блогерка, која што редовно ги почестува своите следбеници токму со здрави оброци, меѓу другото подготви и мафини со јапонски јаболка и кокос. Десерт без грижа на совест.

  • 1 шолја овесно брашно (мелени овесни снегулки)
  • половина шолја кокосово брашно
  • половина шолја кокосови снегулки
  • 1 супена лажица лажица какао
  • 1 кафена лажичка прашок за печиво
  • половина к.л. сода бикарбона
  • половина к.л. цимет
  • половина к.л. сол

Течни состојки
  • 1 ипол шолја пире од јапонски јаболка, измешани во блендер без семки и лушпа
  • четвртина шолја растопено кокосово масло
  • 1 супена л. ванила
  • сируп од урми (по желба)
  • 1 с.л. путер од лешник

Подготовка
  1. Загрејте ја рерната на 170 степени и подгответе ги модлите (калапите) за мафини
  2. Во подлабок сад измешајте ги сувите состојки
  3. Додадете ги течните состојки и мешајте додека не добиете еднолично тесто.
  4. Со лажица ставете од смесата во калапите, натапкајте ги и ставете ги на печење околу 25 минути.\

Фото: Instagram

Објавено:
21 јануари 2023
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
248 пати
Тагови: 
мафини кокос