Викенд рецепт: Мафини со младо лукче

11 април 2020

Совршен рецепт за појадок, вечера или како додаток со ручек. Искористете ги благодетите на младото лукче кое сега го имаме во изобилие.

А и со оглед на тоа дека никаде не излегуваме, можете слободно да си го дозволите :).

Потребни состојки: 250 гр. меко брашно, 1 лажичка прашок за пециво, 1/2 лажичка суво оригано, 240 мл млеко, 2 големи јајца, 50 гр. маслиново масло, 150 гр. рендано сирење, 3 млади лукчиња;

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Калапите за мафини наросете ги со масло или припремете 12 цврсти кошници за мафини. 

Во меѓувреме, изматете ги јајцата (миксер), додадете го млекото и маслиновото масло. Потоа додадете ги сите суви состојки - брашно, прашокот за печиво, сол и оригано и соединете со лажица или шпатула. На крајот, во смесата помешајте ги и наренданото сирење (може и биено ако сакате посолен вкус) и младото лукче кое претходно ситно сте го исечкале. Наполне 2/3 од калапите со тесто и печете 20-25 минути.

П.с. Ако сте љубител, можете во смесата да додадете и малку колбас или печеница, или пак и други зеленчуци како пченка, грашок... Доколку постите, ова нека ви послужи како идеја за додаток на велигденската трпеза, кога постот ќе заврши.

Уживајте!

Објавено:
11 април 2020
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
3.582 пати
Тагови: 
мафини вкусно
Извор: 
gastro.24sata.hr