Викенд рецепт: Мек и вкусен леб по рецепт на Џејми Оливер

28 март 2020

Доколку сакате да ги изненадите домашните со нов рецепт за мек и вкусен леб, тогаш прочитајте го текстов до крај.

За некого правењето леб е наједноставна работа, за други пак и не, но во продолжение ќе дознаете како британскиот готвач Џејми Оливер го прави, односно следи неговиот рецепт:

Состојки: вода, 7 гр.сув квасец, пола лажица морска сол и 1 килограм остро брашно, плус уште малку за да ставите и врз лебот.

Подготовка:

Во поголем сад ставете 650мл млака вода, додајте го квасецот и мешајте неколку минути. Поголемиот дел од брашното додадете го во садот, заедно со половина лажиџа морска сол, а потоа промешајте со вилушка.

Со чисти раце направете топка од тесто, додавајќи брашко колку ви е потребно, за да не ви се лепи тестото на раце. Кога ќе биде готово, префрлете го на површина, на која претходно сте наросиле брашно и продолжете да месите уште отприлика пет минути, односно додека не добиете свилено и еластично тесто.

Повторно, тестото обликувајте го во топка, ставете го во сад, ставете малку брашно одозгора и покријте го со чиста и влажна крпа. Оставете го околу еден час, да отстои и да се крене, односно да стане дупло поголемо отколку што било претходно, а најдобро е да го оставите на топло место.

Кога тестото ќе нарасне, месете го и „удирајте" наизменично, за да излезе воздухот. Можете да го обликувате по желба и да го оставите уште еднаш да се крене, околу 30 минути до еден час. Исто така можете да го ставите и во некој калап, доколку сакате.

Потоа, загрејте ја рерната на 180 степени и ставете го лебот да се пече околу 35 минути, односно додека не поприми златна боја.

На крајот оставете малку да се излади, па потоа јадете го.

Совет плус: Ако немате квасец, сличен ефект ќе постигнете и со мешање на сода бикербона и киселина, а најмногу се препорачува сок од лимон. Помешајте еднакво количество сода бикарбона и сок од лимон, така што вкупното количество ќе се поклопи со грамажата на квасецот, наведена во рецептот. Во овој случај, за тестото да нарасне како што треба, не оставајте го да стои, туку што побрзо ставете го во рерна.

Објавено:
28 март 2020
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
2.383 пати