Викенд рецепт: Омлет по рецепт на Марта Стјуарт

1 мај 2020

Ако немате идеја за појадок, еве ние имаме една - Омлет по рецепт на Марта Стјуарт.

Рецептот во продолжение е за едно лице. Ако го приготвувате за повеќе луѓе, не зголемувајте го само количеството јајца и потоа се' да ставите во тава, бидејќи резултатот нема да биде ист. 

Затоа, доколку сакате навистина да го пробате по рецепт, направете го секој омлет посебено, свиткајте го во ролна, ставете го на топла чинија и така ќе избегнете да ви се излади брзо.

Потребни состојки: 3 јајца, 1 лажица вода, 1 лажица путер, 1 лажица ситно исечкан магдонос, малку сол, малку бибер

Подготовка: Со маталка соединете ги јајцата, водата и солта. Кога ќе добиете хомогена смеса, додајте го путерот и магдоносот. Загрејте ја тавата, растопете малку путер, а потоа додајте ги и јајцата. Дваесетина секунди не допирајте ја смесата, а потоа со вилушка мешајте околу половина минута. Целта е веќе испржениот дел на рабовите да го помештате со течниот дел во средина на тавата. Кога ќе видите дека е готов, изгасете го оганот и свиткајте го во ролна.

На здравје :) !

 

P.s. Видеото го имате на линкот - Француски омлет

Објавено:
1 мај 2020
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
547 пати