Ретко кој не го сака вкусот на орео-колачињата. Викендот е време кога поминуваме повеќе време со семејството и кога сакаме да се почестиме со некој фантастичен вкус.
Нашиот предлог е овој орео-тарт, кој ќе ги задоволи сите генерации во вашето семејство, а го најдовме на профилот на @fresh_fine_divine.
Потребни состојки:
500 г Орео трошки(Oreo Crumbs)
100 г путер
2 цедени портокали
500 мл слатка павлака
2 бели млечни чоколади
2 бели чоколади за готвење
100 г орео бисквити за декорација
Начин на подготовка:
Прво се растопува путерот и се цедат портокалите. Во длабок сад се става кршеното орео, се додава растопениот путер и сок од портокали. Сето тоа убаво се промешува и се става во округло тавче за пита, обликувајки ги краевите да се добие хомогена и мазна структура. Чоколадата и павлака се соединуваат и ставаат во микробранова додека се растопат (или на тивок оган, пареа). Смесата потоа се става во тавчето со ореото и се декорира со орео бисквити. Добар апетит :)