Викенд рецепт: Пченкарна фокача - брзо се прави, уште побрзо се јаде

23 јануари 2021

Доклку се размислувате со што да се разгалите викендов кога е храната во прашање, ние најдовме еден интересен предлог - Фокача.

Рецептот го најдовме на инстаграм профилот @cookingwithbranko.

Потребни состојки: 2 јајца, 400гр. пченкарно брашно, 1 чаша јогурт,  50мл. обично млеко, 6 лажици крем-сирење, 100гр. француско сирење, шери домати, половина филџан маслиново масло, маслинки, морска сол и чубрица по вкус

 

Начин на подготовка:

Во длабок сад ги додавате следниве состојки: пченкарно брашно, јајцето, јогуртот, млекото, кремот, француското сирење, солта и маслиновото масло. Убаво мешајте со миксер сè додека не се изедначат сите состојки и не се добие густа смеса.

Рерната вклучете ја на 200 степени нека се загрева, додека ја подготвувате смесата. Тавчето обложете го со хартија за печење и исипете ја смесата. Над смесата додадете шери домати сецкани и маслинки. Ставете да се пече околу 20-25 минути. 5 минути пред да ја извадите, додадете чубрица.

Објавено:
23 јануари 2021
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
666 пати