Викенд рецепт: Печен помфрит и чипс од тиквички

15 мај 2020

Викенд е време кога треба да се опуштиме, релаксираме и да уживаме. А уживањето го подразбира и она во храна.

Ние имаме два предлога за брзи рецепти кои одлично одат со пиво, што веруваме добро ќе ви дојде во овие топли денови.

#1 Печен помфрит

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Сподели Рецепт (@spodelirecept.mk) onMay 13, 2020 at 10:50am PDT

Можте да купите помфрит во кеса или пак, да го исечкате компирот дома (во која форма и да сакате), сол, бибер, црвен пипер, малку маслиново масло и зачини по желба (кари, копар, куркума, чили, сусам.....)

Подготовка: Истурете го помфритот во подлабок сад, ги додавајте ги зачините и маслиновото масло и убаво сè тоа измешајте го додека секое компирче е обложено со зачините и маслото. Го истурате помфритот во плех обложен со хартија за печење и внимавате компирчињата да не се преклопуваат. Се пече 20тина минути или додека не добијат златно румена боја во предходно загреана рерна на 220 степени.

 

#2 Чипс од тиквички

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Сподели Рецепт (@spodelirecept.mk) onApr 22, 2020 at 11:08am PDT

Тиквичките исечкајте ги на тенки кругови не повеќе од 3 мм (колку тиквички ќе исечете, зависи колкаво количество сакате да направите). Наросете ги со сол и оставете ги во цедалка околу два часа. Потоа, крукчињата наросете ги во брашно и оставете ги уште час и половина во ладилник (или замрзнувач). Потоа, испржете ги во врело масло. Иако треба да се чека долго, добро е што за тоа време можете да завршите некоја друга работа и да го „темпирате“ времето на пржењето.

 

Објавено:
15 мај 2020
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
3.399 пати