Викенд рецепт: Пилешко во сос од пармезан

25 април 2020

Доколку ви треба идеја за едноставен, но вкусен ручек, ние имаме предлог - пилешко во сос од пармезан.

Потребни состојки:

-Пилешки гради (парче со средна големина)

-Лажица малсиново масло

-Лажичка путер

-200 мл неутрална павлака (ако сакате поинтензивни вкусови, може и слатка)

-100 гр. пармезан

-сол, пипер

-сецкан магдонос и/или босилек

-морско оревче (по желба)

Подготовка:

-Пилешките гради убаво измијте ги и исечкајте па помали парчиња (коцки или долгнавести). Во тавче ставете лажица маслиново масло, загрејте го на средно тивок оган, а потоа додајте го пилешкото. Додајте сол и бибер и пржете десетина минути, додека местото не добие златно-жолта боја. Готовото пилешко ставете го во чинија/сад.

-Во тавчето во кое пржевте пилешко, ставете една лажичка путер. Остатоците пилешкото  од дното на тавчето, убаво истружете ги, затоа што ќе го збогатат вкусот на сосот. Кога путерот ќе се истопи, додајте ја и павлаката, додајте малку морско оревче и мешајте. Потоа оставете да крчка уште 2-3 минути.

-Потоа, во сосот додадете го наренданиот пармезан, вратете го пилешкото во тавата и сето тоа заедно убаво измешајте го. 

Ова пилешко во сос од пармезан можете да го послужите и со соодветен прилог. Одлично ќе се вклопи со тестенина, компир или ориз, но и со кус-кус. При декорација додадете и магдонос и/или босилок.

 фото: pinterest.com; 

Објавено:
25 април 2020
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
1.033 пати