Викенд рецепт: Поховани тиквички со вкусен сос со индиски ореви

21 август 2021

Совршен рецепт за ваков дождлив ден - поховани тиквички за кои нема да ви треба многу време и вкусен сос со индиски ореви. 

Ви звучи чудно? Сепак, пробајте, ќе се изненадите од вкусот.

Потребно: 2 помалечки тиквички, 3 лажици лебни трошки, 3 лажици палента, 3 лажици нутритивен квасец, сол, црвена димена пиперка, лук во прав, оригано, бибер, 1 шолја млеко (или вода), неколку лажици брашно.

За сосот: 150 грама сирови индиски ореви (натопени во вода преку ноќ), пола филџан вода (околу 100 мл), 2 лажици маслиново масло, чешне лук, малку лимонов сок, 1 лажица оцет (јаболков), прстофат сол, и пола лажичка сенф (ако сакате)

Подготовка:

Од млекото и брашното направете смеса слична на онаа за американски палачинки - значи малку погуста отколку за класични палачинки. Додадете сол.

Во друг сад, помешајте ги трошките, палентата, нутритивниот квасец, зачините и солта.

Тиквичките насечкајте ги на крукчиња.

Секое парче првин ставете го во смесата со млеко и вода, а потоа во смесата со трошките. Секое од парчињата ставете го во тавче обложено со хартија за печење. Оставете малку простор меѓу тиквичките. 

Кога ќе ги наредите, прелијте ги со маслиново масло и печете 15 минути на 200 степени. Потоа извадете ги, свртете ги тиквичките од другата страна и печете уште 10 минути.

Послужете ги со сосот од индиски ореви кој се прави на следниот начин - Сите состојки за сосот споменати погоре, ставете ги во блендер и матете се' додека не се добие мазна, кремаста структура. Времето на блендирање зависи од јачината на вашиот блендер - може да е неколку секунди, може и минута. Ако има потреба, ставете уште малку лимон и послужете. Ако ви остане, ставете го во стаклен сад со капаче и чувајте го во ладилник до пет дена.

На здравје!

 

извор: @burbon_i_borovnice;

Објавено:
21 август 2021
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
1.238 пати