Викенд рецепт: Посен ручек со тестенини и сос од ореви

20 март 2021

Време е на велигденски пости, па доколку ги практикувате, овој наш предлог може да ви изгледа како одлична идеја за ручек.

Подгответе тестенини на малку поинаков начин, а сепак едноставен, па е супер и за почетници.

Потребно: 400 гр макарони, 80 грама пињоли (познати и како борови ореви, ги има во продавниците за здрава храна), околу 500 гр ореви, 2 чешниња лук, 250 гр магдонос, 125 мл маслиново масло, сол

Начин на подготовка: Пињолите испечете ги во рерна на 180 степени околу 5 до 10 минути. „Истолчете“ ги оревите, па со миксерот дополнително иситнете ги, заедно со пињолите, лукот, магдоносот и маслиновото масло. Посолете.

Во голем сад ставете вода, нека зоврие, а потоа додадете и малку сол и ставете ги макароните да се варат, но не ги преварувајте.

Процедете ги и ставете во загреана чинија за послужување. Потоа одозгора ставете го сосот од ореви. Темелно измешајте ги состојките, додадете и свеж магдонос ако сакате дополнително и уживајте!

Совет повеќе:

Сос варијанта број 2: Ако сакате да го надградите рецептот, можете да обарите неколку ливчиња спанаќ и да ги помешате со сок од домати. И тоа да го споите со иситнетите ореви, лукот, магдоносот, неколку капки масиново масло и пињоли.

Објавено:
20 март 2021
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
729 пати