Денешниот рецепт е лесен и совршен за мезе во летните денови. Го најдовме на блогот „По мој вкус“, а ни се допадна бидејќи е брз, се прави со состојки кои речиси секој ги има дома и не се скапи и нема пржење!
View this post on Instagram
Потребни состојки: 2 тиквички, 2 моркова, 1 компир, 1 голема главица кромид, 2 јајца, 100гр пармезан ( или др сирење), 100 гр брашно (повеќе или помалку), 3-4 лажици маслиново масло (може и сончогледово), сол, бибер, босилек и др зачини по желба
Подготовка: Целиот зеленчук изрендајте го, при што тиквичките претходно ќе ги оставите 1ч. во цедалка за да ја испуштат течноста. Измешајте ги сите зеленчуци заедно во еден поголем сад, додадете ги јајцата, пармезанот и маслото, а од брашното додавјте по потреба, во зависнот од тоа колку вода ќе ви пуштаат тиквиците можете да ставите помалку или повеќе.
Во плех/тавче на хартија за печење редете ги ќофтињата. Може да ги формирате со дланките, а доколку ви е полесно ставајте со лажица од смесата. Печете во загреана рерна на 180С околу половина час.
Совет: Пармезанот во ќофтињата дава посебен шмек, па за да ја задржте оригиналноста на рецептот гледајте ако можете да не го замените со друго сирење.
.