Викенд рецепт: Потпечени модри патлиџани со зачини

18 септември 2021

Сезонско, вкусно и лесно - нашиот викенд рецепт овој пат е со модри патлиџани. Ако сте фан на ваков вкус, тогаш веруваме ќе ви се допадне рецептот. Ние го најдовме кај @margarita.food, а ви го презентираме во продолжение:

Потребно: 1 кг. модри патлиџани, 2 јајца, 200 гр. пезла, 1 литро сос од домати, Лук, Сол и бибер, Маслиново масло, Свеж босилок, 300 гр. моцарела

фото: margarita.food

ПОДГОТОВКА:
Модриот патлиџан се лупи и сече на кругови. Се посолува и остава да отсои 1 час да му излезе горчината. За тоа време се подготвува сосот од домати. Во зависност од сезоната се употребуваат свежи домати, се мијат, лупат и рендаат или може доматен сок во шише или конзерва. Се става да зоврие, се додава пасиран лук, маслиново масло, сол, бибер и насецкан свеж босилок. Се динста на тивок оган додека не испари водата и сосот се згусне. Модрите патлиџани се похуваат, прво во јајце се натопуваат па во презла и се пржат во загреано масло. Се положуваат на салвета да се упие маснотијата. Во керамички или стаклен сад се редат модрите патлиџани, се преливаат со доматениот сос, повторно ред патлиџани и се така додека не се потрошат состојките. Се завршува со парчиња моцарела. Во загреана рерна на 200 степени се потпекува половина час.

Објавено:
18 септември 2021
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
1.461 пати