Викенд рецепт: Потпечени њоки со моцарела и колбаси

6 февруари 2021

Доколку викендов сакате да се почестите со вкусен рецепт кој ќе сакате да го повторите, ние имаме супер идеја: Потпечени њоки со моцарела и колбаси

Ако не сакате колбаси, можете да ставите чадена пиперка и да го избегнете месото.

Приготвувањето е едноставно и потребно ви е околу половина час. 

Една порција од ова вкусно јадење содржи околу 300 калории.

А еве како да го направите:

Состојки (за шест лица): 1 лажица маслиново масло, 1 кромид, ситно исечкан, 2 чешниња лук, пасирани, 120 гр. колбаси исечкани на кружни парчиња, 800 грама исечкан домат (свеж или од конзерва), 1 лажичка шеќер во прав, 600 грама њоки, 125 грама моцарела, исечкана на парчиња, малку насечкан босилок, марула по желба

Подготовка:

1. Маслото ставете го во тавата во која планирате да готвите и загрејте го на средно силен оган. Пропржете го кромидот и лукот околу осум до десет минути додека не омекнат. Потоа додадете ги колбасите, или пиперката и пржете уште пет минути.

2.Потоа додајте ги доматите и шеќерот во прав и промешајте. Оставете малку да зоврие, па додајте ги њоките и варете околу осум минути, со често мешање, додека не омекнат. Во меѓувреме, загрејте ја рерната на 260 степени.

3. Во смесата додајте и 3/4 од моцарелата и поголемиот дел од босилекот. Смесата ставете ја во керамичко тавче отпорно на топлина. На врвот додајте го останатиот дел од моцарелата и печете околу 3 минути, односно додека сирењето не се растопи и не поприми златеникава нијанса.

4.Кога ќе го извадите од рерна, одозгора наросете со останатиот босилек и сервирајте со салата.

 

Добар апетит!

Објавено:
6 февруари 2021
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
359 пати
Извор: 
zadovoljna.hr