Викенд рецепт: Потпечени тиквички со сирење

24 јули 2021

Во лето сакаме лесни и брзи рецепти, кои нема да ни одземат многу време, а сепак се многу вкусни.

Доколку немате идеја што викендов за ручек, а сакате да е нешто лесно и летно, ние имаме супер предлог - потпечени тиквички со сирење.

Потребно: 3 тиквички, 3 јајца, 3 чешниња лук, 200 грама нарендано сирење (чедар, гауда, или друг по избор), 100 мл кисело млеко или павлака, 30 грама нарендан пармезан, 2 лажици путер, 1 лажичка сушен босилек, сол и бибер по желба, свеж магдонос за декорација.

Начин на подготовка:

-Загрејте ја рерната на 180 степени

-Тиквичките измијте ги, потоа потрудете се да бидат суви и исечкајте ги на тркалезни парчиња со дебелина околу половина сантиметар.

-Во провоаголно тавче за печење, нанесете путер, па врз него наредете ги исечканите парчиња тиквички.

-Врз тиквичките рамномерно ставете половина од наренданото сирење.

-Во друг сад, изматете го јајцето, додадете пармезан, кисело млеко/павлака, сол, бибер, сушен босилек и исечканиот лук.

-Смесата прелијте ја преку тиквичките и сирењето и ставете во рерна да се пече околу 25 минути.

-Извадете го од рерна, па потоа ставете го одозгора остатокот од наренданото сирење и печете уште 5 до 10 минути додека сирењето не се растопи, а тиквичките испечат.

-На крајот, нанесете ливчиња магдонос и јадете со свежа сезонска салата.

На здравје!

Објавено:
24 јули 2021
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
2.139 пати