Викенд рецепт: Сloud bread pizzа е апсолутен хит на социјалните мрежи

17 јули 2021

Искористете го викендот за да се почестите со нешто необично.

Низ социјалните мрежи доминира еден рецепт, кој е апсолутен хит и кој можеби ќе ви се допадне ако сте љубител на пица, се вика Сloud bread pizzа.

А во продолжение прочитајте и како се прави:

Потребни состојки: 3 белки, 10 гр пченкарен скроб (или пченкарно брашно), прстофат сол, сос од домати, додатоци по вкус ( зеленчук, сирење, моцарела, печурки, кашкавали...)

Начин на подготовка: Разделете ги жолчките од белките и белките изматете ги додека комплетно не се соединат. Додадете го потоа пченкарното брашно и солта. Потоа ставете ја смесата во тавче за печење и печете 20 минути на 150 степени.

Потоа извадете го тестото, додадете ги останатите состојки и вратете да се пече уште пет до десет минути максимум на 200 степени.

Коментарите велат дека е превкусна. Споделете ги вашите искуства.

Објавено:
17 јули 2021
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
487 пати