Викенд рецепт: Вакво смуди со чоколадо не сте пробале!

3 јули 2021

Идеален летен појадок!

Брзо, освежувачки и мнооогу вкусно.

А еве и како се приготвува:

Потребно: 600 гр. смрзнати јагоди, 200 гр. смрзнато кокосово млеко, 60 мл овесно млеко, 40 гр. темно чоколадо, 15 гр. кокосово масло, малку сушени малини.

Постапка: Јагодите, кокосовото и освесното млеко ставете ги во блендер и добро изматете додека не добиете хомогена смеса. Добиеното смуди префлете го во здела. Темното чоколадо со кокосово масло истопете го на пареа, а потоа внимателно прелијте преку смудито. Додека чоколадото е се' уште течно, ставете и малку сушени малини. Зделата ставете ја во замрзнувач неколку минути, додека чоколадото не стане цврсто, а потоа уживајте во кршењето на истото и секако вкусот.

 

Верзија 2 со банани и дупло чоколадо

Потребно: 3 смрзнати банани, 1/4 шолја бадемово млеко, 1/4 шолја темно чоколадо, 2 лажици чоколадни трошки (може и коцки од чоколадо), 2 лажици какао, 1 лажичка кокосово масло.

Постапка: Млекото, бананите и какаото ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Потоа ставете ја смесата во здела, и додадете ги чоколадните трошки или искршени коцки чоколадо, па промешајте и порамнете ја смесата. Во меѓувреме, темното чоколадо растопете го на пареа со кокосовото масло, и така топло нанесете го одозгора. Зделата ставете ја во замрзнувач неколку минути, додека чоколадото не стане цврсто, а потоа уживајте во кршењето на истото и секако вкусот.

Совет повеќе: Ако ги немате баш сите здрави намирници од рецептот, додадете од оние што имате, секако ќе биде вкусно!

Објавено:
3 јули 2021
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
332 пати